Еден навивач загина како резултат на тепачка што изби на натпревар на американски основни училишта во северниот дел на Вермонт, во американскиот град Албург.
Во моментот кога момчињата од двете училишта Албург и Сент Албанс играле кошарка, дошло до судир меѓу родителите, но ситуацијата се смирила по неколку минути, пред да дојде полицијата на лице место.
Меѓутоа, човек по име Расел Жиру набрзо се пожалил во полиција на повредите, а откако бил префрлен во блиската болница, било соопштено дека овој 60-годишен маж, наводно родител на еден од играчите, починал како резултат на тепањето.
@CNN Man killed at middle school basketball game in Vermont pic.twitter.com/XeemBOl042
— dpat (@HalfBaked802) February 1, 2023
Еден родител ги снимил сцените од шокантната тепачка, со потресна порака:
„Неопходно е да го споделите видеото од кошаркарскиот натпревар на мојата ќерка во основно училиште. Родител е убиен. Што не е во ред со оваа земја“, прашал тој, за една жена, исто така мајка на девојче што го посетува училиштетот, да открие што очигледно го предизвикало целиот хаос.
Allegedly a comment was made by a parent to a player.
— dpat (@HalfBaked802) February 1, 2023
„Таткото го гледаше помалиот син со постариот. Навивач на Албург на расистичка основа го навреди постариот син, по што стана таткото и тогаш настана пекол“, изјавила таа.