Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат од родителите на неговиот другар.
-Вчера попладне во СВР Скопје, М.Т.(36) од Скопје пријавила дека на 16.07.2022 околу 19.30 часот на подрачјето на Аеродром, нејзиниот малолетен син, по претходна расправија со неговиот малолетен другар, бил физички нападнат од Б.А. и Е.А., родители на другарот.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.