Родители го повикуваат градоначалникот на Ѓорче Петров да каже што ќе прави со децата кои ќе бидат испишани од градинките во Карпош

од Берта Китинска
268 прегледи

Реакциите се уште не стивнуваат откако во Општина Карпош беше донесена одлука, веќе запишаните деца во градинките на оваа териоторијата, а се од други општини, во случајов најмногу од Ѓорче Петров, да бидат испишани од градинките до 10 јуни, и да не се запишуваат деца од други општини.

„Нивните објаснувања т.е. објаснувањето на градоначалникот можеби во неговите планови и политички програми имаат логика и сето тоа кажано добро звучеше сѐ до оној момент кога се спомна претходната гарнитура која ја водеше општината. Тука маските паднаа и тука се виде дека дури и од потенцијално корисна одлука, полека но сигурно, се влегува во некој политички реваншизам.Се спомна општина Ѓорче Петров во реакцијата од општина Карпош, децата кои се запишани во Влае, се пред сѐ запишани од реонот Хром во која градинка има деца од цела општина Ѓорче Петров и нема место за децата од тој реон. А нема место зашто готова градинка во Волково чека на отвoрање и е моментално блокирана, неофицијално, заради политички блокади“, пишува во реакцијата на Загрижени родители.

Тие јавно го повикуваат градоначалникот на Ѓорче Петров да објасни како планира да го реши овој проблем.

„Неговите вработени нè известија дека листите за чекање се долги и дека најубаво е да се проба „да се фатат врски“. Го замолуваме покрај решението да даде и официјално насоки каде тие врски да ги фатиме и како овој процес да го објасниме на нашите деца. Очекуваме повикот до градоначалниците на општините соседи на општина Карпош да излезат со свои предлог решенија, а од Владата и Министерствата очекуваме да го продолжат молкот“, стои во реакцијата.

Слични содржини