Родители од Кочани го обвинуваат Тошковски за истрагата, министерот: Имаат право да поставуваат прашања, а државата да ги одговори

од Nikola Popovski
116 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информира дека полициските службеници кои се опфатени со обвинението за трагедијата во Кочани моментално не доаѓаат на работа. Нивниот статус е замрзнат и во овој период ќе бидат оддалечени од вршење на функцијата во МВР.

На новинарско прашање како ги коментира родителите од Кочани кои го обвинуваат за истрагата, Тошковски вели дека имаат право да бараат одговори од институциите и институциите се должни да дадат одговори на сите прашања.

-Она кое што требаше да биде сторено од МВР е сторено во целиот период. Им покажавме на македонската јавност и граѓаните дека можело поинаку да се работи во споредба со претходно. Покажавме дека без оглед на име и презиме и кој бил близок со кого, дека МВР знае да постапува професионално и никогаш нема да дозволи за оние за кои што има докази и основани сомненија да не процесуира постапки. Тоа го докажуваме на дело по не знам кој пат во мандатот на оваа Влада. Народот го гледа тоа. Родителите имаат право да постапуваат прашања, а државата е должна да даде одговори, кажа министерот.

Слични содржини