679
Маж и жена за време на наставата во битолско училиште физички нападнале друг ученик кој учел заедно со нивното дете, како и настaвничката, соопштија од СВР Битола.
– Според полицискиот билтен, вчера Р. М. (48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р. Л. и Н. Л., родители на негов соученик. Истиот ден, М. Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р. Л. и Н. Л., информираат од полицијата.
Од СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.