Родителите на момчето-убиец негираат вина: Утре продолжува судењето на семејството Кецмановиќ

од Nikola Popovski
267 прегледи

Во Вишиот суд во Белград денеска почна судењето на сопружниците Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на малолетникот кој на 3 мај минатата година изврши масакр и уби девет деца и чуварот на ОУ „Владислав Рибникар“. Според неофицијални информации, обвинетите, како и претседателот на стрелачкиот клуб „Партизан“ Ратко И и инструкторот во тој клуб Немања М, целосно негирале вина.

Обвинителот на Вишото јавно обвинителство Никола Ускоковиќ денеска го прочита обвинителниот акт, а според српските медиуми, продолжението на судењето е најавено за утре.

Исто така, обвинителот се откажал од сведочењето на особено чувствителните сведоци.

Адвокатката која го застапува семејството Кецмановиќ, Ирина Боровиќ, по рочиштето изјавила дека смета оти одлуката на судот за затворање на рочиштетото за јавносра, била избрзана и се надева дека судијата Зоран Божовиќ ќе ја преиспита таа одлука.

Во обвинението, кое Вишото јавно обвинителство го поднесе на 10 октомври 2023 година, се товарат родителите на момчето на убиецот како и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб „Партизан“, каде Коста практикувал да пука во подвижни цели.

Апелациониот суд во Белград го потврди ова обвинение и тоа стана правосилно на 27 декември минатата година.

Колку за потсетување, таткото на момчето-убиец доби кривична пријава за тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи неговото оружје било употребено за масакрот, додека неговата мајка е обвинета за недозволено поседување оружје поради ДНК-трагата пронајдена на една од чаурите на местото на злосторството.

Слични содржини