Родителите на тримесечното бебе и сестрата си подале рака, модриците настанале при земање крв

од Nikola Popovski
61 прегледи

Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди денеска информираше дека формираната стручна комисија утврдила дека немало никаква намера за повредување на тримесечното бебе од страна на медицинската сестра, случај што ја бранува јавноста во последните неколку денови.

Мемеди пред медиумите истакна и дека модриците кај бебето се случиле при земањето крв од вена за анализа.

-Едната сестра ја фокусирала раката на детето, а другата сестра боцка вена. Како последица на механичкиот притисок, настанел хематомите на десната надлактица и подлактица, рече директорот на Клиниката.

Според него, целиот случај добил на публицитет поради недоразбирање меѓу дедото на детето и медицинската сестра и поради тоа, дошло до губење на довербата на родителите кон сестрата.

На иницијатива на Мемеди, вчера била реализирана средба меѓу родителите и сестрата. Се согласиле дека немилиот настан е поради погрешна комуникација и недоразбирање и си подале рака на помирување.

-Случајот е разрешен. Нема да има дисциплинска постапка за медицинската сестра. Немало лоша намера од никого, кажа директорот на Детската клиника.

Слични содржини