Родителите на ученици од VII/2 во ОУ „Владислав Рибникар“ бараат суспензија на директорката

од Stefanija Kuzmanovska

Родителите на учениците од одделението VII/2 од Основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, кои претрпеа најголеми последици од трагичното пукање на 3 мај, испратија писмо до министерството за образование во кое бараат итно суспендирање на директорката на ова училиште, училишниот психолог и педагогот.

Во писмото до кое „Танјуг“ имал увид, тие наведуваат дека бараат „итна и без натамошно одлагање суспензија на директорката на ОУ Владислав Рибникар, Снежана Кнежевиќ до завршување на истрагата и утврдување на нејзината лична одговорност за трагичниот настан кој се случи и подоцна да се постапи кон учениците и родителите од VII/2 одделенија“.

Тие бараат и итна суспензија на училишниот психолог Лидија Макшиќ и училишниот педагог Јелена Вујичиќ, до завршување на истрагата и утврдување на нивната лична одговорност за трагичниот настан.

Слични содржини