242
Секое дете сака да помине еден ден играјќи и да не се грижи за своите обврски, но многу родители знаат дека тие треба да бидат тие што ќе постават одредени граници.
Една мајка, сепак, има поинаков метод бидејќи сака да му угоди на синот, а со тоа што го направи ги шокираше сите на социјалните мрежи, пишува „Мирор“.
Имено, корисничката на TikTok, Лесли објаснила дека нејзиниот 10-годишен син сакал фрижидер кој може да го чува до неговиот PlayStation за да може да игра видео игри и да јаде и пие без прекин, а таа не видела проблем во тоа, па му купила мал фрижидер за Божиќ за собата.
Таа сепак (веројатно по некое време) сфатила дека повеќе не го гледа, затоа што тој не ја напушта собата.
@lesleymcb