Роднина на еден од патниците: За трагедијата дознавме од социјалните мрежи

од Берта Китинска
224 прегледи

Утрово група на граѓани – роднини кои беа пред седиштето на агенцијата „Беса Транс“,  кажаа дека немаат никакви информации од одговорните лица во агенцијата, за состојбата на патниците.

Еден од присутните кажа дека информацијата за трагедијата ја прочитале на социјалните мрежи.

-Се обидувам да го добијам братучед ми по телефон, но не се јавува. Тој беше сам на патувањето. Вртевме по телефони во Беса Транс, цело време се јавуваме… Се чуди зошто никој не се јавува, вели еден од присутните роднини.

Во сообраќајната несреќа загинаа 46 македонски државјани, а седуммина се преживеани.

Тешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Во екскурзијата организирана од туристичкатa агенција биле вкупно четири автобуси.

Слични содржини