Лордот Маунтбатен 43 години по неговата смрт е обвинет за злоупотреба на 11-годишно момче во дом за деца.
Артур Смит тврди дека во 1977 година, кога имал 11 години, Маунтбатен двапати го злоставувал во озлогласениот детски дом Кинкора во Северна Ирска.
Лорд Маунтбатен, вујко на принцот Филип и братучед на кралот Џорџ Четврти, татко на кралицата Елизабета Втора, беше убиен две години подоцна кога IRA постави бомба на неговата јахта.
Ѕверот од Кинкора
Државната истрага пред пет години откри дека во Кинкора биле злоставувани најмалку 39 момчиња. Смит, кој сега има 56 години, тврди дека прво бил сексуално злоставуван од вработен во домот, Вилијам Мекграт, познат како „Ѕверот од Кинкора“.
Тој наведува дека тогаш, во август 1977 година, г-дин Мекграт го запознал со елегантен непознат човек кој двапати го злоставувал.
„Мекграт ми кажа дека ќе се сретнам со посебен пријател. Потоа ме одведе во соба, голема канцеларија со огромно биро. Не го кажа името на човекот. Прво ме натера да се истуширам”, рекол Смит, пишува Daily Mail.
„Не можете да заборавите кој ве злоставувал“
Жртвата рече дека сфатила кој го злоставувал дури во 1979 година, откако неговите фотографии беа објавени во весниците поради нападот на IRA.
„Не можете да заборавите кој ве злоставувал. Верувајте ми. Се обидуваш да го заборавиш, но не можеш. Не сум зборувал за тоа со години. Бев засрамен од тоа што се случи, но сега сакам мир”, објаснил Смит.
Портпаролот на Бакингемската палата одби да го коментира случајот пред два дена.