Роднина на кралицата Елизабета осуден на затворска казна поради сексуален напад

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Роднина на кралицата Елизабета Втора денеска беше осуден на десет месеци затвор откако извршил полов напад врз жена во неговиот средновековен замок во Шкотска.

Сајмон Баус-Лион (34), грофот од Стратмор, признал дека нападнал жена во спалната соба во замокот Гламис во февруари 2020 година, објави АП.

Баус-Лион ја признал вината, велејќи дека се чувствува „многу засрамен од своите постапки, кои предизвикале непријатност кај гостинката во неговиот дом“.

– Не мислев дека сум способен да се однесувам на тој начин, но морам да се соочам со последиците и да преземам одговорност – изјави грофот.

Тој денес беше осуден од судот во Данди.

Замокот Гламис, близу Данди во централна Шкотска, е дом од детството на покојната мајка на кралицата, која е родена под истото презиме, Баус-Лион.

Слични содржини