464
Али Селмани, роднината на четворица преживеани во несреќата која се случи во Бугарија вели дека докторите го информирале дека повредените се добро, но не им дозволувале да ги видат.
„ Ние сме од вчера овде во Бугарија.Дојдовме поддршка да им дадеме на преживеаните.Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но вака не ги имаме видено“, вели тој.
Тој аплеира до надлежните институции што побрзо да завршат сите процедурални работи во врска со телата, но и трансферот на преживеаните на скопските клиники.