Судијата Kevin Eide објави дека Принц не оставил тестамент па така наследници на неговото богатство ќе бидат неговата сестра Tyka Nelson и петмина други роднини – Sharon Nelson, Norrine Nelson, John Nelson, Omarr Baker i Alfred Jackson.

Повеќе од 45 луѓе тврдеа дека имаат право на наследството, односно дека се негови сопруги, деца или роднини, а некои од тие случаи уште не се завршени пред судот.
Принц почина на 21. април 2016 година од предозирање со дрога. Неговото богатство е проценето на околу 200 милиони долари, но се очекува дека даноците ќе “изедат” половина од богатството.
По неговата смрт, комплексот Paisley Park претворен е во музеј и концертна сала, пренесува Guardian.