Роднините на загинатите во пожарот со јајца гаѓаа кон зградата на Општина Тетово

од Берта Китинска
295 прегледи

Роднините на трагично загинатите во пожарот во Тетово денеска излегоа на протест, барајќи правда за нивните сакни.

Револтираните граѓани се упатија кон седиштето на општина Тетово, каде што одржа говор, а потоа со јајца гаѓаа кон зградат на општината.

Според најавите протестот треба да заврши кај  седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Документацијата со спецификациите на сите модуларни болници од денеска се скенира во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Истражителите бараат одговори дали и кој бил надлежен за надзорот при градење, како и за техничкиот прием на модуларните болници.

Примероци од документацијата за тетовската модуларна болница добиле и германските експерти за крим техника и форензика кои од вчера на терен ги утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.

Фото: принтскрин од видео на телевизија „Алсат“

 

Слични содржини