Роднините на една жена и еден човек што загинаа во катастрофалните пожари кои се случија минатата недела во Атина ја тужат државата, вклучувајќи ги и пожарникарите и полицијата , бидејќи сметаат дека се одговорни за нивната смрт, објави Ројтерс, повикувајќи се на судски извори.
Изворот појаснува дека тужбата вели дека властите можат да бидат одговорни за обвиненијата за убиство од небрежност, нанесување на телесна повреда, изложување на опасност , која довела до смрт и пожар кој тие го опишуваат како “библиска катастрофа”.
Двете жртви загинаа во обид да избегаат од пламенот , пишува тужбеното барање. Нивните тела се наоѓаат околу 400 метри од нивниот дом.
70-годишниот учител е заглавен во гаража, додека неговата сопруга и семејните пријатели од САД се обиделе да стигнат до најблиската плажа. Два дена пред катастрофата тие ја прославија свадбата на својата ќерка , пишува во барањето.