Официјално најдобриот играч на светот минатата година, Родри докажа колку е важен играч дури и во машинеријата на Манчестер Сити, а зборуваше и за интерес од други големи клубови.
Шпанскиот играч за врска оваа сезона ја освои „Златната топка“, но немаше среќа со повреда која најверојатно ќе го оддалечи од терените до јуни. Тоа е голем удар за тимот на Пеп Гвардиола, а тоа го покажуваат последните резултати – четири последователни порази.
Нема сомнеж дека враќањето на Родри ќе му помогне на Сити следната сезона, но прашање е каде ќе продолжи кариерата на шпанскиот играч за врска во наредниот период.
Реал Мадрид секогаш е заинтересиран за најдобрите играчи во светот, како Родри, а што вели за тоа победникот на ЕП со Шпанија:
„Кога Реал Мадрид те повкува, најдобриот клуб во светот и најуспешен… Тоа те прави горд и секогаш мораш да слушаш. Јасно е, секогаш треба да се внимава“, изјави Родри.
Да потсетиме, Родри во Манчестер Сити дојде во 2019 година од тим од Мадрид, но од Атлетико. Дали ќе се врати во шпанската престолнина, останува да видиме…