68
Добитникот на Златната топка Родриго Ернандез ја коментираше изјавата на Кристијано Роналдо за добивање на предметната награда.
Португалецот, кој пет пати ја освојуваше наградата, рече дека таа требало да му припадне на Винисиус.
„Бев малку изненаден од овие зборови, бидејќи тој најдобро од се знае како се случуваат работите. На крајот се избира победникот. Овојпат новинарите кои гласаа одлучија дека треба да победам. Веројатно тоа се истите луѓе кои некогаш гласаа и за него, за да победи и тој. Ми се чини дека тогаш се согласи со нивното мислење“, му рекол Родри на „АС“.