Родриго за Модриќ: Сака да покаже дека може да му помогне на тимот

од Vladimir Zorba
833 прегледи

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго зборува[e за соработката со искусниот играч за врска Лука Модриќ. Двајцата соиграчи имаат главна улога во силниот настап на шпанскиот колос во актуелната кампања.

„Без разлика на неговата возраст, тој сака да покаже дека може да му помогне на тимот. Тој сака да победува и секогаш да биде подобар и тоа е во склад со ДНК-то на клубот – да победува на сите турнири. За нас, младите играчи, тоа е инспирација кога го гледаме 38-годишниот Модриќ, петкратен освојувач на Лигата на шампионите и освојувач на Златната топка, како трча од противничкиот агол во неговиот казнен простор. Тогаш си велиме дека треба да бидеме како него“, прокоментира Родриго.

„Постарите ни дадоа пример и сите разбраа што е Реал Мадрид. Во нашата соблекувална нема его“, објави 23-годишниот Бразилец Родриго, цитиран од шпанските медиуми.

„Белиот балет“ ја освои титулата во Ла Лига, а на 1-ви јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе се соочи со Борусија (Дортмунд) во финалето на Лигата на шампионите.

Слични содржини