Рохани нареди Иран да ги укине сите ограничувања за нуклеарни истражувања и развој

од Vlatko K

Иранскиот претседател Хасан Рохани објави дека наредил прекин на сите ограничувања во нуклеарни истражувања и развој на оваа технологија во земјата.

– На (иранската) Организација за атомска енергија и е наредено да ги преземе сите неопходни истражувања и чекори во развојот и да ги напушти сите преземени обврски на тоа поле, рече Рохани на државната телевизија.

Оваа мерка е преземена затоа што „не е постигнат посакуваниот резултат“  во контекст на тековната дипломатска иницијатива на Франција да го зачува нуклеарниот договор постигнат во јули 2015 година во Виена, информира иранскиот претседател.

Рохани ова го изјави непосредно откако американскиот пратеник за Иран Брајан Хук ја отфрли идејата за „ставање вон сила“ на санкциите на САД против Иран за да се овозможи кредитна линија од 15 милијарди долари за која е разговарано со европските потписници на нуклеарниот договор.

Ирански функционери истакнаа дека се подготвени повторно во целост да го применуваат нуклеарниот договор во замена за кредитна линија од околу 15 милијарди долари за која се преговара со Европјаните, и за чие постигнување краен рок е овој викенд.

Франција, Германија, Велика Британија и Иран последните неколку дена расправаат за тоа како да се спаси меѓународниот договор склучен во Виена во 2015 кој е доведен во прашање откако САД еднострано се повлекоа во мај минатата година.

Слични содржини