Рој Кин одби да му ја честита титулата на Ренџерс (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Со ремито на Селтик во неделата попладне, Глазгов Ренџерс официјално стана шампион на Шкотска за прв пат по 10 години!

Тимот на Стивен Џерард одигра одличен фудбал оваа сезона, нема пораз, па не е изненадувачки што нивната титула беше една од главните вести во Велика Британија по многуте тешки години.

Не можеше да го пропушти ниту студиото во Премиер лигата, каде постојани коментатори се Мика Ричардс и Рој Кин, а веднаш по одговорот на последниот, на прашањето да ја прокоментира титулата на Ренџерс, сите пукнаа од смеа.

– За Ренџерс? Не! Слушајте, ова очигледно беше тешка година за Селтик. Но, тие ќе се вратат следниот пат, како што прават сите големи клубови – изјави Кин, кој своевремено го носеше „зелено-белиот“ дрес.

Потоа имаше громогласно смеење во студиото, а како тоа изгледаше можете да видите на видеото подолу:

Слични содржини