Ројс донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Легендата на Борусија (Дортмунд) Марко Ројс ја донесе својата одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата откако официјално објави дека ќе ја напушти германската екипа по 12 години.

Ројс по завршувањето на сезоната ќе игра во МЛС лигата, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо. Тој има желба да игра во САД со преселба во тим од Америка како слободен играч по 30 јуни 2024 година.

Марко Ројс и се приклучи на Борусија (Дортмунд) од Борусија Менхенгладбах во 2012 година и забележа 426 настапи во сите натпреварувања за „жолто-црните“, постигнувајќи 169 голови и 130 асистенции.

Слични содржини