Играчот за врска на Борусија (Дортмунд), Марко Ројс го привлече вниманието на американскиот Интер Мајами, како и на Саудиски Ал-Насер, пренесува германскиот огранок на спортскиот медиум Скај Спорт.
Според изворот, тоа се само клубовите кои се издвојуваат меѓу многуте заинтересирани за Ројс. Голем интерес за фудбалерот има и од екипи од турската Суперлига. Сепак, Ројс се уште е неодлучен за својата иднина бидејќи е фокусиран на финалето на Борусија во Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Ројс за „жолто-црните“ настапува од 2012 година. Искусниот фудбалер во оваа сезона одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна 8 гола и направи 9 асистенции.
Според порталот „Трансфермаркт“, пазарната вредност на играчот е 7 милиони евра.
Заедно со клубот од Дортмунд, Ројс двапати го освојуваше Купот на Германија, три пати Суперкупот, играше еднаш во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година, што треба повторно да го направи за неколку недели.