Ројтерс: На дрон во Киев пишуваше „Ова ви е за Белгород“

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Две лица се затрупани под урнатините по нападот со дронови камикази утринава врз Киев, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, додека новинарот на „Ројтерс“ од Киев изјавил дека на дел од дрон ги видел зборовите „Ова ви е за Белгород“.

Руските власти од Белгород ја обвинија Украина дека стои зад вчерашниот напад на воен полигон во регионот Белгород во Русија, кога беа убиени 11 регрути.

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, изјави дека руските сили го нападнаа Киев со дронови камикази.

Кличко: Жена загина во нападот

Градоначалникот на Киев денеска изјави дека една жена е загина во нападот на руски дрон врз главниот град на Украина, додека уште едно лице се уште е закопано под урнатините.

„Се што се случува овде е тероризам“, им рече Кличко на новинарите откако утрово беше погодена станбена зграда за време на напад со беспилотно летало, пренесе „Ројтерс“.

Кличко претходно изјави дека како резултат на нападот со беспилотно летало врз Киев, дошло до експлозија во станбена зграда во областа Шевченко и дека од нападнатата зграда биле извлечени 18 лица.

Слични содржини