Ројтерс: САД и Украина сепак ќе го потпишат договорот за ретки минерали

од Milan1
42 прегледи

Соединетите Американски Држави и Украина планираат да го потпишат договорот за минерални суровини, по расправијата во Овалната соба минатиот петок, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски беше исфрлен од Белата куќа, објави „Ројтерс“, цитирајќи четири извори запознаени со ситуацијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на своите советници дека сака да го објави договорот во своето обраќање пред Конгресот вечерва, соопштија три извори, нагласувајќи дека договорот се уште не е потпишан и дека ситуацијата може да се промени.

„Белата куќа не одговори веднаш на барањето за коментар. Украинската претседателска администрација во Киев и Украинската амбасада во Вашингтон не одговорија веднаш на барањата за коментар“, објави „Ројтерс“

Слични содржини