Ројтерс: Украински војници од Азовстал одведени во град контролиран од Русија

од Nikola Popovski
330 прегледи

Десетина автобуси со украински војници вечерва ја напуштија фабриката за челик Азовстал во Мариупол, јавува Ројтерс.

Не биломожно да се утврди колку војници имало во автобусите, како и дали меѓу нив има повредени, наведува агенцијата. Се проценува дека во фабриката за челик остануваат околу 600 војници.

Според Ројтерс, повикувајќи се на извештаи на сведоци, украинските војници од фабриката за челик пристигнале во градот Новоазовск во Доњецк, кој е под руска контрола.

Претходно денеска Русија соопшти дека ќе ги евакуира ранетите украински војници преку хуманитарни коридори во медицинска установа во градот, кој се наоѓа на околу 45 километри источно од Мариупол.

 

Слични содржини