Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки

од Nikola Popovski
73 прегледи

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.

По однос на отстранувањето на термините македонски идентитет и јазик од Извештајот, тој потсети дека Европарламентот е независна институција, која носи политички одлуки согласно свои внатрешни процедури.

-Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со полноправно членство во ЕУ, вели Рокас.

Слични содржини