Со почетокот на новата 2018 година може повторно да се поднесуваат барања за легализација на дивоградбите, а рокот трае до крајот на годинава.

Услов за озаконување на објектот е да биде изграден заклулучно со 3-ти март 2011-та година, како што се предвидуваше со првото законско решение.
Барањата се поднесуваат до општините, каде што се приложува платена сметка за струја или вода, а постапката за легализација предвидува и геодетски елаборат.