Матура оваа година ќе има и покрај барањата на средношколците да се одложи.
„ Матурата е обврзна зашто на тој начин имаат стартна позиција да се запишат на факултет. Таа е одредено ниво на знаење и верификација на тоа знаење. Согласно законот, матурата е обврзна заради тоа што на тој начин тие ќе имаат стартна позиција да се запишат на факултет. Во целиот регион и во сите европски земји и минатата година каде што се уште се прилагодуваа образовните системи се одржа матура – заради тоа што компромис со квалитетот на образование не смее да се прави во држави кои што се стремат кон европски критериуми, истакна министерката за образование Мила Царовска.
Рокот за пријавување на предметите за полагање на државна матура истекува на 31 декември. Согласно правилникот, матурата може да се полага во два рока, јунски и августовски.
Матурантите полагаат два задолжителни, два изборни предмети и изработуваат една проектна задача.