Барбора Крејчикова е победник на Ролан Гарос. Во финалето на Гренд слем турнирот во Париз, тенисерката од Чешка, која не беше носителка, славеше против 31-та носителка Анастасија Павлинченкова со 6:1, 2:6, 6:4 и со тоа победи на еден од четирите најголеми тениски турнири за прв пат во својата кариера.
До титулата некогаш најдобрата тенисерка во двојки стигна по нејзиното петто појавување во ждрепката од индивидуалното натпреварување на Гренд слем турнирите. Во недела, таа ќе се обиде да ја додаде титулата најдобра во парови на Ролан Гарос на таа титула. Доколку биде успешна, таа ќе стане првата тенисерка од 2000 година и Мери Пирс што славела на турнирите во сингл и во двојки во Париз.
За победата, Крејчикова ја искористи четвртата меч топка, а потоа погледна кон небото и и оддаде почит на нејзината покојна менторка Јана Новотна.
„Пресреќна сум и тешко ми е да го искажам со зборови она што го чувствувам сега. Едноставно не можам да верувам дека освоив Гренд слем титула“, изјави 33-тата тенисерка на ВТА-листата.
Пред овој триумф, Крејчикова освои само една титула во поединечна конкуренција, оваа година во Стразбур.