Организаторите на Ролан Гарос сакаа да одржат церемонија во чест на Рафаел Надал минатата година, но Шпанецот не сакаше – се уште не знаеше дали ја завршува кариерата.
Сега, откако и официјално се повлече од тенисот, Надал ќе ја слави кариерата и големите успеси на својот најуспешен слем – 14 пати го креваше „Купот на мускетарите“.
„Дефинитивно ќе организираме нешто за Рафаел Надал – вистинска посвета, тоа е многу важно за нас. „Збогувањето на Дејвис купот не е она што го заслужи“, рече претседателот на Француската тениска федерација Жил Моретон, додавајќи:
„Отидовме во неговата куќа да се видиме на почетокот на декември, Амели Маурезмо (директор на турнирот) разговараше со него за церемонијата што требаше да ја организираме, но и за иднината. Двата бренда – Рафаел Надал и Ролан Гарос – се едно, затоа сакаме тој да биде наш амбасадор. Размислуваме за многу работи“.
Првата титула Надал ја освои на Гарос во 2005 година, а последната во 2022 година. Тој минатата година ја заврши кариерата на Дејвис купот.