„Ролан Гарос“ доби „зелено светло“ за да може да ги отвори трибините за навивачите! Вториот Гренд слем во сезоната се одржува од 30 мај до 13 јуни. До 8 јуни на трибините ќе има максимум 5.338 гледачи, додека од 9 јуни бројот ќе се зголеми на максимум 13.146 навивачи за главниот стадион, благодарение на одлуката на владата да дозволи 65% од капацитетот.
Оние кои сакаат да присуствуваат на натпреварите мора да имаат потврда дека биле вакцинирани или имаат негативен ПЦР тест во последните 48 часа.
Бидејќи полицискиот час е во сила во Франција од 19 часот, ноќните сесии на „Ролан Гарос“ во првите девет дена од турнирот ќе се одржат зад затворени врати.
Планот е да се промени тоа од 9 јуни, затоа што француските власти планираат да се помести полицискиот час од 19 до 23 часот од тогаш, па така натпреварите што ќе се играат на подоцнежен датум ќе можат да се играат пред навивачи.