Ролан Гарос: Серена без борба го предаде мечот од 2.коло

од Vladimir Zorba

Американската тенисерка Серена Вилијамс, непосредно пред почетокот на нејзиниот натпревар од второто коло на Ролан Гарос против Бугарката Цветана Пиронкова, објави дека е принудена да го предаде мечот без борба, поради повреда на Ахиловата тетива.

Освојувачката на 23 Гренд-слем трофеи во индивидуална конкуренција се пожали на повредата пред три недели откако беше поразена од Белорусинката Викторија Азаренка во полуфиналето на УС Опен, и поради неа го пропушти настапот на турнирот во Рим.

Во Париз, Серена го бркаше својот четврти трофеј, со што ќе се израмнеше со легендарната австралиска тенисерка Маргарет Корт, која има 24 Гренд слем титули.

Слични содржини