234
Масимилијано Алегри би можел да ја преземе Рома, пишуваат италијанските медиуми.
Славниот тренер е опција за тимот бидејќи сегашниот тренер Пауло Фонсека ја разниша довербата во управата на клубот.
Ремизираше против Интер со 2: 2, а потоа доживеа дебакл од Лацио со 3: 0, а на крајот Рома загуби од Специја во Купот, по продолженијата.
Тој направи шест радикални измени за мечот против Специја, а уште тогаш се шпекулираше за довербата што ја има во клубот.
За Алегри би можело да биде пречка големото финансиско барање од седум милиони евра по сезона.
Во секој случај, Алегри има голема желба да се врати на сцената бидејќи предолго е без клуб.
Тој се збогуваше со Јувентус на 30 јуни 2019 година, а претходно ги водеше Милан и Калари.