Рома има список од 4 тренери кои ќе го преземат тимот

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Италијанскиот гигант Рома состави список со кандидати за местото тренер на тимот. Актуелниот тренер Клаудио Раниери го напушта тимот на крајот на сезоната.

Според новинарот Николо Шира, во потесниот избор се 4 локални стручњаци: Маурицио Сари, Масимилијано Алегри, Винченцо Монтела и Џан Пјеро Гасперини.

„Волците“ размислуваат за опција каде еден од споменатите тренери би го предводил тимот од јуни. Неодамна Гасперини кој е на кормилото на Аталанта ја коментираше можноста да ги преземе гигантите од Рим.

„Рома го има Раниери. Клаудио е одличен тренер. Рома е одлично место со фантастични навивачи, горд сум што ме поврзуваат со нив. Тешко е да се предвиди што ќе се случи во иднина. Би ја споредил Рома со италијанската репрезентација – тоа е место кое им се допаѓа на сите“, рече тој.

Слични содржини