Рома ќе направи обид да го ангажира Матс Хумелс

од Vladimir Zorba
3,3K прегледи

Можно е Рома да се обиде да го ангажира ветеранот на Борусија (Дортмунд), Матс Хумелс.

Вчера стана јасно дека Хумелс ќе го напушти Вестфален поради недоразбирање со тренерот Един Терзиќ.

Неговиот договор истекува за помалку од еден месец, а договорот нема да биде обновен токму поради караницата.

Хумелс моментално размислува како да продолжи, не исклучувајќи ја можноста да ја заврши кариерата.

Слични содржини