Рома сака да ја врати својата легенда на клупата кој поставил еден услов

од Nikola Popovski
58 прегледи

Поранешниот италијански фудбалер Винченцо Монтела е првиот кандидат да го замени Игор Јуриќ на местото тренер на Рома.

Монтела своевремено играше за „волчицата“, а сега е кандидат за наследник на човекот кој не помина најдобро на нејзината клупа.

Јуриќ доби отказ, а како што пишува италијанскиот печат, токму Монтела го привлекол вниманието на управата на клубот.

Со турската селекција одлично се претстави како селектор на Европското првенство во Германија каде стигна до четвртфиналето на натпреварувањето.

Оттогаш, Турција е непоразена во Лигата на нациите, а договорот со репрезентацијата на земјата е до 2026 година. Следствено на тоа, тој ќе мора да плати пенали за да се врати во својата татковина и да се приклучи на клубот.

„Газета дело спорт“ пишува дека Рома веќе стапила во контакт со тренерот, додека Монтела на Турците би требало да им плати нешто повеќе од еден милион евра, односно шест месеци плата.

Тој би бил подготвен да го направи тоа под услов да зема годишна плата од најмалку два и пол милиони евра од Рома. Сопствениците на Рома треба да донесат конечна одлука пред следниот натпревар на Турција во Лигата на нации на 16 ноември.

Монтела играше во Рома од 1999 до 2009 година и беше дел од шампионскиот тим на почетокот на новиот милениум. Покрај тоа, играше и за Емполи, Џенова, Сампдорија, а беше позајмен во Фулам и Сампдорија. Како тренер работи речиси деценија и пол, а ги водеше помладите категории на Рома, беше привремен тренер на сениорите, а беше и на клупата на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Севиља, Адана и сега Турција.

Слични содржини