Рома се откажа од Ван Бисака поради високата цена

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Рома се откажа од идејата да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака. Тренерот Жозе Мурињо е во потрага по нов десен бек и сакал да го привлече англискиот репрезентативец, но се откажал од идејата поради неговата висока цена, тврди „Газета дело спорт“.

Ван-Бисака го загуби местото кај „црвените ѓаволи“ и се очекува да биде ослободен ова лето. Се зборува дека тој не е во плановите на новиот менаџер Ерик тен Хаг. На „Олд Трафорд“ за него бараат околу 30 милиони евра.

Сепак, оваа сума изгледа превисока за Рома и Италијанците ќе го свртат вниманието кон уште еден премиерлигаш, а тоа е десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин. 27-годишниот Шпанец е проценет на околу 20 милиони евра и повеќе одговара на буџетот на „Волците“.

Слични содржини