Рома со екстремни акции против Залевски

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Раководството на Рома одлучи да го отстрани од тимот полскиот интернационалец Никола Залевски, пишуваат медиумите во Италија. Причината е одбивањето на крилниот напаѓач да се пресели во Галатасарај.

„Волците“ постигнаа договор со турскиот шампион за трансферот, а во клупската каса би добиле 11 милиони евра и уште 3 во вид на бонуси. Сепак, Залевски одбил неколку понуди од Турците во однос на неговите лични услови.

Постапките на Залевски ја налутија Рома, па тој е „замрзнат“, според Sky Sport Italia. Тренерот Даниеле Де Роси нема да го користи во блиска иднина.

Договорот на Полјакот со „волците“ е до крајот на сезоната.

Слични содржини