Италијанска Рома постави клупски рекорд во продажба на дресови по потпишувањето на аргентинскиот маестро Пауло Дибала од Јувентус.
Само во првиот ден по неговиот потпис, навивачите на „волците“ купија толкаво количество дресови со неговото име, што е споредливо со она по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, информира „Газета дело спорт“.
Вообичаената цена на дресот е 110 евра, а има и поскапа опција за 130.
Рекордот на Рома на сите времиња по продадени дресови му припаѓа на клупската легенда Франческо Тоти.