Рома соопшти кои играчи на Јувентус ги сака за Заниоло

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Јувентус и Рома ги продолжуваат преговорите меѓу играчот од средниот ред Николо Заниоло. Иако „бјанконерите“ всушност веќе ги обезбедија услугите на Анхел ди Марија, кој ќе дојде во клубот како слободен играч, тимот од Торино не се откажува од идејата да го земе талентот на Рома.

Сепак, „Старата дама“ се обидува да ја намали цената на играчот, која е околу 50 милиони евра, со тоа што ќе понуди да вклучи еден од нивните играчи како дел од зделката. Првично се шпекулираше дека Јувентус понудил да биде играчот од средниот ред Артур, но се чини дека газдите на „Олимпико“ преферираат уште двајца играчи.

Според „Тутомеркато“, Рома е за таква размена плус доплата, но сака двајца млади таленти на Јувентус да бидат вклучени како дел од договорот. Станува збор за 18-годишниот Фабио Мирети и 23-годишниот напаѓач Џакомо Вириони.

Мирети важи за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал. Тој веќе има запишано 7 натпревари за Јувентус и го навести неговиот голем потенцијал. Покрај тоа, играчот од средниот ред остави одличен впечаток со својот настап за репрезентацијата на Италија до 19 години.

Вириони минатата сезона ја мина на позајмица во Тирол. Таму импресионираше со своите настапи, постигнувајќи 21 гол и 5 асистенции на 30 натпревари. Напаѓачот има и шест натпревари за албанската репрезентација.

Идејата на Рома е да ги земе овие играчи и да го развие нивниот талент, а можеби и да ги продаде со профит во иднина. Впрочем слична е судбината и на самиот Заниоло, кој на „Олимпико“ дојде како дел од договорот со Интер за Раџа Наинголан, а подоцна стана вистинска ѕвезда во составот на „волците“.

Слични содржини