Ромалитико: Лицата без документи не можат да ги користат мерките кои ги донесе Владата

од Берта Китинска
297 прегледи

Согласно член 7, ст. 1 од законот за неевидентираните лица во матична книга на родени, лицата треба да поднесат барања за упис во рокот од шест (6) месеци од денот на донесувањето (15 февруари), а со оглед на тоа дека институциите согласно законот имаат обврска во рок од 15 – 30 дена да ги донесат сите потребни подзаконски акти и истите досега не се донесени што претставува прекршување на законот со пробивање на роковите, велат од Институт за истражувањето и анализа на политики – Ромалитико.

Имајќи ја предвид кризната состојба со вирусот Ковид 19 и специфичноста на целната група која во моментов нема никакви приходи за материјална егзистенција односно немањето на идентификациона исправа ги спречува лицата без документи да влезат во системот на социјална и здравствена заштита, односно да ги користат мерките кои ги донесе Владата.

Ромалитико, како дел од граѓанското движење АВАЈА, вчера достави барање, надлежните министерства – Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги и Министерството за труд и социјална политика ургентно да ги преземат следните чекори бидејќи законските рокови се пробиени. Со цел да се надминат предизвиците, ги повикуваме надлежните министерства во најкраток рок да ги преземат следните активности:

1. Согласно Член 6 ст.4, Министерот за Правда да ја пропише содржината и начинот на водење на евиденцијата за лица неевидентирани лица во матична книга на родени;
2. Согласно Член 7 ст.7, Министерот за правда да ја пропише формата и содржината, на барањето за упис во посебна матична книга на родени;
3. Согласно Член 9 ст.3, Министерот за правда да ја пропише формата и содржината, на барањето за упис од посебната матична книга на родени, матична книга на умрените, начинот на издавањето на изводот и формата и содржината на барањето;
4. Согласно Член 8 ст.6, Министерот за внатрешни работи да ја пропише формата, содржината и начинот на издавање на идентификациона исправа, форма и содржина на барање;
5. Други акти кои се поврзани за ефективна имплементација на законот.

Дополнително, откако сите подзаконски акти ќе се донесат од горенаведените министерства, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, и Министерството за образование, Агенција за вработување да подготват планови за пристап до услугите кои произлегуваат од законот.

Институциите на државата пред се треба да ги вршат работите согласно законските надлежности и рокови и во овие кризни времиња треба да демонстрираат ефикасност, повисоко ниво на разбирање кон граѓаните и соодветно да одговорат на нивните барања. Имајќи во предвид дека прашањето за лицата без документи се одолговлекува 11 години, крајно време е надлежните институциите да го овозможат влезот на овие лица во државниот систем, пишува во соопштението.

Слични содржини