Роман Абрамович ја загуби правната битка за укинување на санкциите на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Европскиот суд на правдата во средата ги потврди санкциите против рускиот милијардер Роман Абрамович, со што тој ја загуби правната битка за укинување на санкциите што му беа воведени од Европската унија по руската инвазија на Украина.

Откако рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на војската да ја нападне Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе санкции за руски официјални претставници и голем број руски претприемачи како Абрамович, и замрзна стотици милијарди долари руски имот.

Абрамович ја оспори валидноста на таа одлука.

Судот, кој исто така го отфрли барањето за отштета на Абрамович, ја истакна неговата улога во рускиот производител на челик Евраз и фактот дека челикот е главен извор на приход за руската влада.

„Општиот суд ја отфрла постапката покрената од г-дин Абрамовиќ и со тоа ги потврдува рестриктивните мерки спроведени против него“, наведе Европскиот суд во пресудата.

Тие додадоа:

„Комисијата не погреши во својата проценка кога одлучи да го додаде, а потоа и да го задржи името на г-дин Абрамович на предметната листа, во светло на неговата улога во групата Евраз и, особено, нејзината матична компанија“, додаде судот, мислејќи на листата на субјекти на кои им се воведени санкции.

Абрамович, кој исто така има израелско државјанство и е поранешен сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи, стана еден од најмоќните светски претприемачи по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

„Форбс“ ја проценува неговата нето вредност на 9,2 милијарди долари.

Слични содржини