Жена продава невиноста? Веќе е направено. Но маж? Млад Романец на оглас! Тој се вика Сорин Џорџ Салиниевичи, на 24 години, ги прекинал студиите, и работи како телохранител. Тврди дека е беспрекорен и сака 2.000 евра за да ја даде нивиноста Преферира настанот да се случи на 8 март.
“Читав за разни девојки,кои ја нудат на аукција својата невиност. И си реков: штом тие го прават тоа, зошто да не го направам и јас? Со парите ќе си ја платам таксата за универзитетот, кој бев принуден даго напушти поради немање пари”, објаснува Сорин.
“Жената, која ќе ја откупи мојата невиност, треба да изгледа добро. Не велам дека треба да е убавица. Но држам да е барем симпатичен и фина. Најдобро ќе е да ја загубам невиноста на празникот на жените, 8 март”.
Според неговиот пријател Василе Хан, Сорин досега имал неколку љубовници. Сепак немал секс со ниту еден од нив, бидејќи ниедна не била Жената со големо “Ж”. “Сигурно си мислите дека тој блефира? Не е така. Навистина е беспрекорен”, се колне Василе.
Како телохранител Сорин заработува околу 200 евра месечно. Засега со него контактирала само една кандидатка да го направи вистински маж. Таа е 29-годишна, од Букурешт.Предложила сепак “само” 1 125 евра и младичот ја пресекол, и ја одбил
