Романец сакал да влезе во Македонија со фалсификувана швајцарска возачка

од Nikola Popovski
22 прегледи

Денеска (12.03.2025) во 02.20 часот на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Г.(22) од Романија затоа што при извршена контрола било констатирано дека приложил фалсификувана швајцарска возачка дозвола.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Слични содржини