Романија: Запленет еден тон кокаин, уапсени двајца српски државјани

од desk2
76 прегледи

Властите во Романија запленија повеќе од еден тон висококвалитетен кокаин скриен во чамец што се превртел во делтата на Дунав.Полицијата денеска до агенцијата којашто истражува организиран криминал во Букурешт донесе вреќи со кокаин, чија вредност се проценува на 300 милиони евра.

Главниот обвинител на Управата за истражување организиран криминал и тероризам, Феликс Банила, изјави дека полицајците нашле кокаин покрај превртениот чамец во источното место Свети Ѓорѓе. Тој додаде дека дрогата пристигнала по морски пат и дека поминала низ Романија. Приведени се двајца Срби. Дрогата е пронајдена неколку дена откако е пронајден сличен пакет со кокаин во истата област, којшто испаднал од камион.