Шпанскиот тренер и прославен фудбалер Чаби Алонсо ќе биде новиот главен тренер на Реал Мадрид. Поранешниот тренер на Баер Леверкузен се согласил да соработува со „кралскиот клуб“ до 2028 година, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Познато е и кој ќе биде во неговиот тренерски штаб.
„Романо, исто така, објави дека поранешниот играч од средниот ред на шпанската репрезентација ќе ја преземе функцијата на почетокот на Светското клупско првенство на ФИФА, кое започнува на 14 јуни и трае до 13 јули.
Алонсо играше за тимот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ од 2009 до 2014 година, а во тој период ја освои титулата во шпанското првенство, два Купа, Суперкупот на Шпанија и Лигата на шампионите.
Од друга страна, плодниот период во кој Карло Анчелоти седеше на клупата на гигантот од главниот град е при крај. Сепак, сезоната чиј крај се ближи не беше успешна за мадридскиот тим, а Реал го освои само првото издание на „ФИФА Интерконтиненталниот куп“, во кој Реал се сметаше за огромен фаворит.
Според медиумските извештаи, Анчелоти е нов селектор на бразилската репрезентација, но досега ништо не е официјално потврдено. 65-годишниот се поврзуваше и со тимови од Блискиот Исток, но во моментов ниту една од опциите не е достапна.