Се очекува голема борба ова лето околу 17-годишниот француско-аргентински талент Франко Мастантуоно од Ривер Плата, откако Реал Мадрид го стави во фокусот како главна цел. Младата ѕвезда од средниот ред има неверојатни бројки – со седум голови и четири асистенции во само 19 натпревари за првиот тим на Ривер оваа сезона. Иако има само 17 години, веќе има 62 настапи за еден од најпознатите аргентински клубови.
Неговите одлични настапи не останаа незабележани, па неодамна дебитираше за аргентинската репрезентација. Покрај Реал, и ПСЖ долго време беше фаворит за потписот на Франко, но во последните часови ситуацијата се промени. Самиот играч и неговиот тим ги прекинале преговорите со францускиот клуб веднаш штом дознале за сериозниот интерес од страна на Реал Мадрид. Младата ѕвезда јасно ставил до знаење дека сака да игра само за „кралскиот клуб“.
Фабрицио Романо, еден од најпознатите фудбалски новинари, објави дека претставници на Реал дури контактирале со клубот во Буенос Аирес за да проверат дали играчот веќе е продаден на ПСЖ. Кога добиле одговор дека трансферот не е завршен, Реал директно се поврзал со Франко и неговиот агент и му понудил трансфер во Мадрид. По овој контакт, играчот потврдил дека сака да го прифати понудата од Реал Мадрид, оставајќи ПСЖ во трката, но на чекор зад „кралскиот клуб“.
Сега останува само Реал да ги договорат деталите за трансферот со Ривер Плата, додека ПСЖ внимателно ќе го следи развојот на настаните.