15
Бразилскиот напаѓач Матеус Куња ќе се пресели од Вулверхемптон во Манчестер Јунајтед. Сите страни постигнаа усмен договор за трансферот, пишува Фабрицио Романо.
Куња ќе потпише договор со важност до јуни 2030 година со можност за продолжување за една сезона. Вулверхемптон ќе добие 62,5 милиони фунти на рати. Се очекува договорот да биде потпишан оваа недела.
Куња игра за Вулверхемптон од 2023 година. Оваа сезона има 36 настапи во сите натпреварувања, постигнато 17 гола и 6 асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на напаѓачот на 55 милиони евра.