42
Мегаѕвездата на европскиот фудбал – Килијан Мбапе се договорил со Ливерпул да игра на „Енфилд“. Ова го соопшти трансфер гуруто Фабрицио Романо.
Настанот датира од 2022 година и идејата била францускиот напаѓач некое време да го носи дресот на тимот од Мерсисајд, а подоцна да се пресели во Реал Мадрид.
„Екип“ откри дека Килијан Мбапе побарал да го напушти ПСЖ во 2022 година и се согласил да му се приклучи на Ливерпул тоа лето! Трансферот пропаднал бидејќи клубот не постигнал договор“, напиша Романо.
Летото имаше огромна сага со иднината на Мбапе, но тој на крајот го обнови договорот со ПСЖ на уште две сезони. Напаѓачот на крајот ја напушти француската престолнина како слободен играч ова лето и потпиша за Реал.